„Ѓаволската“ недела во Евролигата заврши несреќно за актуелниот европски вицешампион Реал Мадрид.
Откако пред два дена загуби од Олимпијакос, шпанскиот гигант вечерва е поразен и во Белград од Макаби со 78-79. И покрај тоа што на полувреме имаше +7, а во последниот период и +9, Реал не го издржа финишот и последниот напад на Макаби кој го заврши мечот со серија од 7-0.
SABEN LEE FOR THE WIN 😱@MaccabiTLVBC #MotorolaMagicMoments I @Moto pic.twitter.com/LOPCbZxJYq
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) October 31, 2024
Херој на Макаби е Сејбен Ли кој постигна кош преку Дек во последната секунда откако претходно Реал не го искористи својот напад. Ли беше и најефикасен во својот тим со 19 поени, два повеќе од Рокас Јокубаитис.
Ова е веќе четврти пораз за Реал Мадрид во Евролигата оваа сезона, па сега има ист биланс како и Макаби (3/4) и се наоѓа надвор од плејоф зоната.


