Италијанскиот шампион Олимпија Милано славеше со 99-90 во евролигашкото дерни со Виртус, за крај на црната серија од четири порази и за одлепување од дното на табелата.
Малку недостасуваше Олимпија Милано повторно да испушти висока предност бидејќи во втората четвртина водеше со 17 разлика (40-23), а дозволи Виртус не само да се врати во игра, туку и да поведе со шест разлика во третиот период. Сепак, во клучните моменти домашниот тим ги врати работите на своето место, а со серијата од 9-0 отиде на 82-73 што беше доволно за победа.
Миротиќ беше најзаслужен за триумфот на Олимпија Милано со дабл дабл од 21 поен и 13 скока. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра речиси 23 минути и за тоа време постигна шест поени, но оствари и девет асистенции, речиси половина од вкупниот број на неговиот тим (20).
РЕЗУЛТАТИ
Алба – Анадолу Ефес 70-86
Макаби – Реал 79-78
Олимпијакос – Барселона 95-74
Олимпија Милано – Виртус 99-90


