Денвер Нагетс лошо ја почна новата сезона, но којзнае како ќе изгледаше тоа ако во тимот го немаше Никола Јокиќ.
Србинот е најзаслужен за двете победи во досегашните пет натпревари бидејќи на нив стигна до историски потфат. Јокиќ е првиот кошаркар во историјата на НБА кој на првите пет натпревари постигнал вкупно најмалку 150 поени, 50 скока и 50 асистенции. Во моментов, тој е на бројки од 152 поена, 58 скока и 50 асистенции.
Nikola Jokic is the first player in NBA history to record 150/50/50 in the first five games of a season 🤩🇷🇸 pic.twitter.com/0LDO1CPZP7
— BasketNews (@BasketNews_com) November 2, 2024
И покрај неговите фантастични параметри, Денвер се наоѓа на 12. место во Западната конференција со биланс 2/3.


