Денешната богата програма во Првата македонска кошаркарска лига почнува со дуелот меѓу ТФТ и Шкупи. Тимот од Тафталиџе е изолиран на чело на табелата како единствен со максимален ефект по четири кола, додека чаирчани минатата недела го остварија првиот триумф во сезоната. Дуелот меѓу ТФТ и Шкупи се игра од 12:30 часот во Кале.


