Иако имаат огромни договори и учествуваат во голем кошаркарски проект, играчите на Хапоел Тел Авив не се задоволни од ситуацијата во која се наоѓа клубот додека околу нив кружат крупни риби во европската кошарка.
Проблем прави војната во која учествува Израел поради што сите играчи во своите договори имаат т.н. воени клаузули. Џонатан Мотли вчера ја искористи за да си замине бидејќи, наводно, имал понуда од Црвена Звезда, но се чини дека тој нема да биде единствен што ќе се одлучи на ваков чекор.
Неговиот пример би можеле да го следат Бруно Кабокло и Патрик Беверли за кои е заинтересиран Реал Мадрид. Актуелниот шпански првак има кадровски проблеми од почетокот на оваа сезона и тоа токму на позициите на кои настапуваат спомнатите двајца играчи.
Потпис за Реал би значел дека двајцата играчи ќе настапуваат во Евролигата до крајот на сезоната, но прашање е дали тие би добиле толку богати договори какви што имаат во Хапеол. Денеска тимот од Тел Авив играше Афула во израелското првенство, настапија и Кабокло и Беверли, но не е исклучено тоа да беше последен за нив во дресот на Хапоел.


