Денвер Нагетс ја оствари третата победа сезонава, прва што не е остварена по продолжение откако на домашен терен ја совлада Јута со 129-103.
Повторно најзаслужен за тоа беше Никола Јокиќ кој уште еднаш остана без трипл дабл за една асистенција. За 30 минути во игра постигна 27 поени, 16 скока и 9 додавања, па шампионот од 2023 година сега е со биланс 2/2. Тоа уште еднаш покажа дека Јокиќ е убедливо најдобар играч во Денвер, можеби и во лигата, но американските медиуми тврдат дека тоа не е добро за Србинот.
„Единствен начин Денвер да победува во серија е Џамал Мареј да биде многу добар. Јокиќ е најдобар во светот, но Денвер ќе го уништи ако продолжи да игра толку“, изјавил за ЕСПН, еден од високите функционери во Нагетс.
Засега Јокиќ добро се снаоѓа, на почетокот од сезоната собори неколку рекорди во НБА, но останува да се види колку долго ќе успее да остане свеж.
Резултати:
Шарлот – Бостон 103-113
Филаделфија – Мемфис 107-124
Торонто – Сакраменто 131-128
Хјустон – Голден стејт 121-127
Милвоки – Кливленд 113-114
Сан Антонио – Минесота 113-103
Вашингтон – Мајами 98-118
Денвер – Јута 129-103
Феникс – Портланд 103-97
ЛА Клиперс – Оклахома 92-105


