Италијанскиот шампион Олимпија Милано доживеа тотална катастрофа во шестото коло од националното првенство откако загуби на гостувањето кај лидерот Тренто со 57-91.
Евролигашот во ниеден момент не беше блиску до триумф и покрај тоа што во првата четвртина некако се држеше. Вториот период Тренто го доби со 27-11 и на голем одмор замина со огромна предност од 48-29м а во продолжение само ја потврди мизеријата на најтрофејниот италијански тим.
Олимпија Милано беше драстично ослабена на овој меч бидејќи не играа македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ поради повреда на палецот, како и Џош Нибо кого го очекува подолга пауза и еден од најдобрите во тимот Шевон Шилдс. За шампионот ова е втор пораз во сезоната, додека Тренто е со максимален ефект по шест одиграни кола.


