По четири години поминати во тимот на Вашингтон стејт универзитетот, македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски вечерва ја почнува својата последна сезона во НЦАА, но во нов колеџ.
Летоска тој си замина од Кугарс и се пресели во екипата на Колорадо Болдер Бафало каде ќе настапува претстојната натпреварувачка кампања. Сезоната во НЦАА веќе почна, но Јакимовски својот прв натпревар ќе го има вечерва, во 3 часот по полноќ.
Со промената на колеџот, Јакимовска ја менува и конференцијата и оваа сезона ќе настапува во Биг 12, една од најсилните во НЦАА. Прв противник, интересно, ќе му биде Источен Вашингтон, а натпреварот се игра на теренот на Колорадо, во градот Болдер.
Водството на Кошаркарската федерација на Македонија неодамна објави дека прави напори да го обезбеди учеството на Андреј Јакимовски во ноемвриските квалификациски натпревари против Литванија кои се на програмата на 21 и 24 овој месец.


