Некогашниот хрватски репрезентативец Дарко Планиниќ до крајот на оваа сезона ќе игра во тимот на Широки со што се враќа во својот матичен клуб, 12 години откако си замина.
Станува збор за еден од поквалитетните центри во регионот, со завидна интернационална кариера, меѓу другото и во екипите на Макаби Тел Авив и Басконија со кои играше во Евролигата. Освен тоа, настапи и на Олимписките игри во Рио де Жанеиро со репрезентацијата на Хрватска.

Во тимот на Широки, Планиниќ доаѓа од кинеското првенство каде беше член на Ринос. Босанскиот прволигаш оваа сезона се натпреварува во АБА 2 лигата каде се наоѓа во групата со Пелистер. По три одиграни кола Широки се наоѓа на последното место во својата група, а на почетокот на ноември ќе го пречека битолскиот тим со новото големо засилување во своите редови.
Интересно е тоа што лани Планиниќ лани беше интересен за неколку македонси прволигаши, меѓу кои и Работнички, но до договор не дојде.


