Можеби се соочува со големи проблеми и има само еден суперстар во својот тим, но Денвер ноќеска ја прекина победничката серија на Оклахома ѝ му го нанесе првиот пораз на најдобриот тим во Западната конференција.
Повторно тоа беше минимален триумф (124-122), како три од претходните четири, но исклучително значаен за Денвер кој нема голема ротација, а на овој меч отсустуваа Ерон Гордон и Џамал Мареј. Гостите водеа со 16 поени разлика во третата четвртина, но Денвер успеа да направи пресврт и во последните 20-тина секунди да влезе со +2. Вотсон можеше да стави точка на мечот од линијата на слободни фрлања, но ги промаши двата „пенала“ и Оклахома доби шанса барем за продолжение.
Payton Watson block pic.twitter.com/vYsnSJ1th6
— SEE (@SpeedEagleEyes) November 7, 2024
Топката отиде кон Шеј Гилџес Александер кој во последните секунди тргна кон кошот, ама доби блокада токму од Вотсон кој не дозволи да биде трагичар на мечот. По овој пораз на Оклахома, единствен непоразен во лигата е Кливленд Кавалирс кој во моментов е на 9-0.
Никола Јокиќ го оствари четвртиот трипл дабл оваа сезона, постигнувајќи 23 поени, 20 скока и 16 асистенции, но одличен натпревар одигра и Расел Вестбрук кој постигна 29 поени, како и Портер и Браун кои реализираа по 24 поени и на тој начин го надополнија отсуството на Мареј и Гордон. Вилијамс ја предводеше Оклахома со 29 поени, 10 скока и 9 асистенции, а се истакна и Гилџес-Александер со 28.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Детроит 108-107
Индијана – Орландо 118-121
Атланта – Њујорк 121-116
Бостон – Голден Стејт 112-118
Хјустон – Сан Антонио 127-100
Мемфис – ЛА Лејкерс 131-114
Њу Орлеанс – Кливленд 122-131
Далас – Чикаго 119-99
Денвер – Оклахома 124-122
Феникс – Мајами 115-112
ЛА Клиперс – Филаделфија 110-98
Сакраменто – Торонто 122-107


