Денеска во 11 часот, претставници на македонските кошаркарски прволигаши ќе одржат состанок со министерот за спорт Борко Ристовски.
Пред него, тие треба да ги изнесат своите проблеми со кои се соочуваат оваа сезона, а кои се делумно предизвикани од доцнењето на исплатата на субвенциите за спорт. Освен тоа што им е отежнато функционирањето, клубовите имаат и големи долгови кон Кошаркарската федерација. Сумата пред почетокот на сезоната изнесуваше 11 милиони денари, а досега таа сигурно е дополнително зголемена.
На состанокот се поканети сите претставници на прволигашите кои во понеделникот се договорија најдоцна до среда (вчера) да ги пополнат и испратат обрасците за аплицирање до Министерството за спорт.


