Сакраменто е надвор од секоја комбинација за кандидати за шампионската титула во НБА, а во своите редови го има еден од најдобрите кошаркари во лигата, Домантас Сабонис.
Можеби затоа што Кингс немаат конкурентен состав, Литванецот во ниеден момент не се спомнувал ни во поширокиот круг на фаворити за индивидуалните признанија, за МВП на сезоната воопшто и покрај тоа што Сабонис последните сезони воодушевува. Поради сето тоа што го прави, а никој не го забележува, со право на него се гледа како на најпотценет играч не само во НБА, туку воопшто во светот.
Domantas Sabonis becomes the first player since 1977-78 with…
— NBA (@NBA) November 7, 2024
✅ a triple-double
✅ NO turnovers
✅ NO missed shots
✅ NO missed free throws
Flawless night from the Kings center! pic.twitter.com/k08WUHHdSp
Сабонис синоќа го оствари третиот трипл дабл во сезоната и во моментов подобар од него е само Никола Јокиќ, со четири. Центарот на Кингс во победата против Торонто партиципираше со 17 поени, 13 асистенции и 11 скока, но оствари трипл дабл каков што не е виден во историјата на НБА. За 34 минути на теренот, не загуби ниедна топка и ниеднаш не промаши ни од игра, ни од линијата за слободни фрлања (6/6 за два, 5/5 за еден поен). Ниеден кошаркар во историјата на НБА, вклучувајќи го и Јокиќ никогаш не направил вакво нешто.
Минатата сезона Сабонис имаше најмногу трипл дабл натпревари во НБА (26), еден повеќе од Никола Јокиќ, а во кариерата досега стигна до бројката од 61 со што е на десеттото место. Со оглед на тоа што сезоната тукушто почна, за очекување е дополмнително да го подобри овој ефект, а ако се знае дека има само 28 години, нема сомнение дека ќе напредува уште повеќе на вечната листа.


