Иако се очекуваше жестока борба и атак на победа, македонската женска репрезентација го претрпе треиот пораз во квалификациите за Европското првенство, највисок досега.
На домашен терен, Македонија загуби од Украина со 49-98 што е најмногу во однос на оние -43 од Србија и -13 од Португалија минатата година. Ако на тие два натпревара покажавме добра лице и некаков идентитет, денеска апсолутно не одеше во нашата игра. Можеби проблемот беше во тоа што оваа репрезентација немаше заеднички собир една година бидејќи последните натпревари ги одигра лани во истиов период.
Македонија вечерва беше рамноправна само половина четвртина кога ја одржувашше негативата и во неколку навради се најде во водство. Украина потоа направи серија од 7-0 за 17-9, а веќе на полувреме имаше убедлива предност од 26-13. Тука згаснаа сите надежи, а очигледно и силата на нашата репрезентација која по серијата од 16-0 на Украина во вториот период отиде влезе во негатива од 31 поен (21-52) уште пред крајот на полувремето. Поради тоа, вторите 20 минути беа само формалност во однос на победникот.
Анџелика Митрашиновиќ беше најефикасна во нашата репрезентација со 17 поени, но и 7 загубени топки, а само уште Хемпе со 16 беше двоцифрена. Украина имаше двојно повеќе скокови (50/25), а важен сегмент беше и тоа што противникот погоди дури 15 тројки, за разлика од само двете на Македонија. Нашата репрезентација в недела ја очекува уште еден меч од квалификациите, повторно на домашен терен, против Португалија.


