Суперѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетоукмпо се врати во тимот по пауза од еден меч и и со него во тимот, Бакс ја прекина серијата од шест порази во НБА.
Пред своите навивачи, Милвоки беше подобар од најлошиот тим во лигата, Јута со 123-100 за само втора победа оваа сезона за шампионот од 2021 година. Гостинот беше рамноправен во првото полувреме, на пауза замина и со предност од четири разлика (61-57), но во вториот дел сосема поинаква слика на теренот.
Бакс доминираа и во тие 24 минути прими само 39 поени, а со играта во нападот дојде и до убедлив триумф. Во третата четвртина, во која се случи пресвртот, Адетокумпо и Лилард комбинирано постигнаа 22 од вкупно 31 поен на Милвоки.
Гркот го заврши мечот со 31 поен и 16 асистенции, а Лилард беше најефикасен со 34 поени. Џордан Кларксон ја предводеше Јута со 18 поени, но оваа екипа остана на само една победа оваа сезона
РЕЗУЛТАТИ
Чикаго – Минесота 119-135
Милвоки – Јута 123-100
Сан Антонио – Портланд 118-105


