Веројатно никој пред почетокот на сезоната не очекуваше дека по 11 одиграни натпревари, Кливленд ќе биде единствен непоразен тим во НБА лигата.
Сепак, триумфалната серија на тимот од Охајо продолжи и ноќеска откако Кливленд го совлада Бруклин со 105-100. Стартот со 11/0 е трет најдобар во 21. век по 24/0 на Голден Стејт во 2015 и 14/0 на Далас во 2002 година, а вкупно осми најдобар во историјата на НБА лигата.
До победата против Бруклин, Кливленд дојде благодарение на пресвртот во последната четвртина која ја доби со 35/18. Во неа, Кавс шутираа неверојатни 14/18, а ја стегнаа и одбраната што резултираше со седум изгубени топки на Нетс. На три минути пред крајот се разбуди Гарланд, а пресвртот на Кливленд беше крунисан со забивањето на Еван Мобли. Бруклин не се предаде, Томас погоди тежок шут за -1, но во следниот напад Тај Џером се погрижи за 103-100, а победата ја завери Мичел од линијата за слободни фрлања.
Мобли со 23 поени беше најефикасен кај Кливленд, Мичел додаде 21, а Гарланд 20. Џонсон го предводеше Бруклин со 23 поени.Кавс се убедливо најдобри во Источната конференција бидејќи по десет одиграни кола најблиску им е Бостон со два пораза, а третопласираниот Њујорк дури четири пати загуби во досегашните осум меча.
РЕЗУЛТАТИ
Сан Антонио – Јута 110-111
Кливленд – Бруклин 105-100
Атланта – Чикаго 113-125
ЛА Клиперс – Торонто 105-103


