Љубителите на кошарката со нетрпение го очекуваа првиот дуел на Денвер и Далас оваа сезона, со тоа и првата пресметка на Никола Јокиќ и Дончиќ.
Мечот е закажан за 2 часот по полноќ вечерва, но двете големи ѕвезди најверојатно нема да се сретнат на теренот бидејќи е неизвесен настап на словенечкиот ас. Причина е повредата на препоните која Дончиќ ја доживеа на претходниот меч, против Феникс. Дончиќ се наоѓа на листата на повредени во својот тим, но не е исклучено во последен момент да одлучи да се најде на теренот и да ѝ помогне на својата екипа.
По девет одиграни натпревари оваа сезона, Денвер е со биланс 6/3 и четири победи во низа, додека Далас има 5/4.


