Иако немаше причини за стрес бидејќи неговиот Панатинаикос победи со 104-68, Ергин Атаман бил хоспитализиран по денешниот дуел против Перистери.
Точните причини за тоа уште не се објавени, освен тоа што грчките медиуми пишуваат дека чувствувал омалаксаност и многу кашлал. В болница бил испратен на прегледи и можно е да биде задржан таму извесен период, додека докторите не се уверат дека е во добра состојба.
Поради сето тоа, Атаман не присуствуваше на прес-конференцијата по натпреварот, а не даде ни изјава по завршувањето на мечот.


