Некогашниот кошаркар на Атланта Хоукс од времето кога таму играше Перо Антиќ, Џеф Тиг има интересно мислење за две од најголемите ѕвезди во НБА лигата.
Во еден американски поткаст, тој зборуваше за Лука Дончиќ и Никола Јокиќ и имаше забелешки на нивниот изглед. Не е тајна дека Дончиќ има вишок килограми, а Јокиќ најмногу се потпира на својата кошаркарска интелигенција, но двајцата играат одлично и се носители на играта на своите екипи.
„Шеј повеќе личи на кошаркар. Лука изгледа како да пуши цигари и пие пиво. И Јокиќ така изгледа. А, пак се двајцата најдобри играчи во лигата, лудо е тоа. Премногу се алентирани, многу повешти од другите играчи во НБА“, рече Тиг.
Јокиќ е трикратен и актуелен МВП на лигата, додека Дончиќ минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец во НБА.


