Кошаркарите на Партизан денеска требаше да одржат тренинг во белградската Арена пред утрешниот меч против Барселона, но тренерот Жељко Обрадовиќ место стандарното времетраење, го скратил за еден час.
Причина за тоа биле условите, односно студот во Арена поради што кошаркарите не можеле редовно д аработат.
„Да не претерувам, одработивме коректен тренинг ако ги земеме предвид условите во салата“, изјави Обрадовиќ откако играчите заминале во соблекувална.
Не е познато колкава била температурата во белградската Арена, но кошаркарите на Партизан сигурно имале можност да видат какви се условите за работа низ најголем дел од салите низ Македонија. Тоа што за Партизан денеска било проблем е секојдневите клубовите во земјава кои не само што тренираат, туку често и ги играат натпреварите на минимум дозволена температура.


