Првпат во историјата, екипата на Црвена Звезда успеа да го победи тимот на Монако на негов терен, на еден евролигашки натпревар.
Белградскиот тим има триумф во арената „Гастон Медесан“, во 2018 година, но тој дуел се играше во рамките на Еврокупот. Три години подоцна Монако влезе во Евролигата и ја победи Звезда на претходните три меча пред своите навивачи, но вечерва, српскиот и АБА шампион успеа да ја прекине таа серија, триумфирајќи во кнежевството со 98-90 за петта победа во Евролигата оваа сезона.
Главен протагонист во триумфот беше Филип Петрушев кој постигна 25 поени и 7 скока, но колективот ја однесе победата затоа што и покрај негативата во првото полувреме, која изнесуваше и осум разлика, не се изгуби, туку остана доследен на својата игра и тоа даде резултат. Откако кон средината на третиот квартал го презеде водството, Звезда повеќе не му дозволи на противникот да ја преземе предноста и дојде до третата победа на гостински терен во Евролигата, втора над француски претставник.
Со тоа привремено се искачи на осмото место со можност дополнително да напредува, во зависност од резултатите на другите екипи.


