Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски го одигра својот најефикасен натпревар откако е член на Колорадо, а неговиот тим оствари убедлив триумф за биланс 3/0 на стартот на сезоната во НЦАА.
Нова жртва беше Кал Стејт Фулертон кого Колорадо го совлада со 83-53, пред се благодарение на одличната игра во второто полувреме. По 20 минути игра резултатот беше 35-29, а во вториот дел Јакимовски доби помош од соиграчите и на крајот тоа излезе убедлива победа. Во последните осум минути Колорадо направи 28-10 и на тој начин го заклучи натпреварот.
Јакимовски имаше шутерски ден, погоди пет тројки од осум обиди, а четири реализира во првото полувреме во кое го одржуваше Колорадо во водство. На крајот постигна 17 поени плус три скока и една асистенција за само 20 минути на теренот.
Интересна е ситуацијата во Биг 12 конференцијата каде што е Колорадо, а каде сите екипи имаат позитивен биланс и само три од нив доживеале пораз досега.


