Тројца кошаркари постигнаа 45 или повеќе поени синоќа со што вчерашниот ден влезе во историјата на НБА лигата.
Карл Ентони Таунс постигна 46 во поразот на Њујорк од Чикаго, Виктор Вембанјама оствари личен рекорд од 50 поени во победата на Сан Антонио над Вашингтон, а Јанис Адетокунбо броеше до 59 за рекорд оваа сезона во НБА лигата. На тоа се надоврза Леброн Џејмс кој на нешто повеќе од еден месец пред 40. роденден оствари трипл дабл, четврти за него оваа сезона.
Седум пати во историјата на НБА се случило тројца кошаркари (рекорд) во ист ден да постигнат 45 или повеќе поени. Последен пат на 14 март 2022 година кога Таунс броеше до 60, Тре Јанг до 46, а Стеф Кари до 47.
За Адетокунбо ова е трет пат во кариерата да постигне 55 или повеќе поени на натпревар, но не е рекоред бидејќи тој изнесува 64. Вембанјама стана само петти играч во историјата на НБА којо постигнал 50 поени до 20-годишна возраст. Пред него тоа им успеало само на Леброн Џејмс (два пати), Брендон Џенингс, Кевин Портер и Девин Букер. Таунс стана прв кошаркар на Њујорк по Кармело Ентони во 2014 година со најмалку 45 поени и 10 скока на еден меч, но и кај него постигнатите поени не се рекорд бидејќи тој изнесува 52.
Што се однесува до Леброн Џејмс, тој по само 11 натпревари има четири трипл дабл ефекти што е само за еден помалку од целата ланска сезона. Во победата против Мемфис, тој постигна 35 поени, 12 скока и 14 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Орландо – Индијана 94-90
Бруклин – Бостон 114-139
Њујорк – Чикаго 123-124
Оклахома – Њу Орлеанс 106-88
Филаделфија – Кливленд 106-114
Хјустон – ЛА Клиперс 111-103
Милвоки – Детроит 127-120
Сан Антонио – Вашингтон 139-130
ЛА Лејкерс – Мемфис 128-123
Портланд – Минесота 106-98
Сакраменто – Феникс 127-104


