Легендарниот тренер на Сан Антонио Спарс, Грег Попович доживеал благ мозочен удар на почетокот од овој месец и тоа е причината поради која не го води својот тим.
Од 2 ноември тој не е на клупата на тимот од Тексас, но Спарс не објави точни информации за неговата здравствена состојба, туку само дека извесен период нема да ја води екипата. На негово место привремено беше назначен Мич Џонсон кој веќе шест меча е главен тренер.
Американските медиуми тврдат дека Попович сега се чувствува подобро и сака да се врат на својата функција, но нејасно е кога и дали воопшто тоа би се случило. Тој е тренер на Сан Антонио од 1996 година и досега освои пет шампионски титули, сите кои Спарс ги имаат во својата историја. Освен тоа е рекордер по бројот на победи во основниот дел на НБА лигата, со 1.390.


