Шпанскиот првак Реал Мадрид го доживеа првиот пораз на домашен терен во Евролигата откако загуби од Анадолу Ефес со 64-74.
Малку недостасуваше гигантот да претрпи дебакл пред своите навивачи бидејќи првото полувреме го заврши со само 25 поени, а во неговиот тим имаше негатива и од 27 поени разлика (18-45). Сепак, домашните кошаркари одлучија скапо да ја продадат кожата, во вториот целосно се вратија во игра и на четири минути пред крајот намалија на само еден поен негатива.
Се чинеше дека Ефес е во загубена позиција и со падната самодоверба, но во клучните моменти, сепак, се крена од пепелта и успеа да ја однесе победата. Дерек Вилис и Родриг Бобуа постигнаа по една тројка и на две минути пред крајот, турскиот тим повторно отиде на +7 (69-62). Тоа предизвика голема нервоза во редовите на Реал, Кампацо и Љуљ добија технички, Аргентинецот подоцна направи и неспортски прекршок и мораше да замине во соблекувална, па Ефес мирно го приведе мечот кон крајот.
За Анадолу Ефес ова е петти триумф во шестиот натпревар како гостин оваа сезона, а интересно е тоа што е најслаб тим на домашен терен со биланс 1/3.
РЕЗУЛТАТИ
Макаби – Олимпијакос 91-94
Асвел – Црвена Звезда 77-74
Басконија – Монако 75-87
Баерн – Алба 115-86
Реал – Анадолу Ефес 64-74


