Најзагреаните навивачи на Партизан конечно ја дочекаа можноста лично да го „поздрават“ Никола Миротиќ откако лани искусниот кошаркар во последен момент ја одби понудата да се пресели во белградскиот клуб.
Црногорецот со шпански пасош денеска првпат му гостува на Партизан, пречекот беше пеколен, а на трибините можеа да се видат многу пораки упатени кон него. Се издвојуваше една од нив.

„Човекот се држи за збор, а волот за рогови. Одлучи се што си“, пишуваше на еден од транспарентите.
За разлика од Миротиќ, поранешниот играч на Партизан, Зек Ледеј доби овации и дрес за спомен од раководството на клубот.


