Натпреварот меѓу МКК Куманово и Феникс е прекинат на 90 секунди пред крајот на првото полувреме откако домашните навивачи на теренот фрлија пиротехнички средства.
Прво беа фрлени неколку петарди од кои една експлодира блиску до клупата на гостинскиот тим, а од чадот подоцна не постоеја услови за продолжување на играта.
Кошаркарите на двете екипи и официјалните лица се повлекоа во соблекувална, а по околу 40 минути чекање се вратија на теренот на загревање. Чадот уште е присутен, но остатокот од натпреварот ќе се игра без публика.


