Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов беше еден од најзаслужните што Пицабулс Џеди Осман ја оствари шестата победа во сезоната, во Втората лига на Турција.
Екипата од Истанбул славеше на гостувањето кај филијалата на Фенербахче со 93-87 по продолжение за кое се избори токму нашиот плејмејкер. На 30-тина секунди пред крајот, Николов погоди тројка за израмнување на 81-81, а откако во последниот напад Фенербахче 2 не успеа да реализира, победникот се решаваше во дополнителни пет минути.
Таму Пицабулс Џеди Осман беше подобар тим и на крајот дојде до многу важна победа, четврта на гостински терен оваа сезона.
Николов беше втор стрелец во својот тим со 14 поени, вклучувајќи три тројки од пет шута. Во досегашниот дел од сезоната, нашиот репрезентативец има просек од 8,4 поени, 2,5 асистенции и 2,5 скока.


