Два дена по прекинатиот натпревар против Феникс, МКК Куманово побара соодветни казни за навивачите кои ги предизвикаа немирите и создадоа хаос во салата.
Прекинот траеше околу 50 минути, а пред тој да се случи можеа да се слушнат скандирања против управата на клубот и беше истакнат транспарент со предупредување да се сменат работите. Соопштението на МКК Куманово го пренесуваме во целост.
„МКК Куманово АД ја информира јавноста дека се оградува и го осудува немилиот настан од 16.11.2024 год. на натпреварот помеѓу МКК Куманово АД и екипата на Феникс 2010 од Скопје на натпреварот од 7 – то коло од Првата машка кошаркарска лига.
Имено, на натпреварот во втората четвртина се случи немил настан предизвикан од страна на група на навивачи каде на 01 минута и 40 секунди пред крајот на втората четвртина при водство на домашната екипа ( 35:33) беше фрлена димна бомба, беа запалени 2 факела, беа фрлени 2 петарди, петарда со топовски удар, искорната е пластична столица од трибините и истата е фрлена на терен, беа искршени и фрлени и заштитни делови од оградата.
Во текот на натпреварот имаше неспортско следење на натпревар, неспортско скандирање и однесување, користење на скандалозни содржини со етнички, верски и вандалски примеси. Натпреварот после паузата продолжи без публика и нашата екипа успеја да извојува победа.
МКК Куманово АД не поддржува и никогаш нема да поддржи вакво вандалско однесување, неспортско скандирање, повреда на етничка , верска или било каква друга основа на спортски натпревари и било каде и никогаш нема да оправдаме оштетување на имот и оштествен и приватен.
Бараме од надлежните институции во согласност со законските прописи да ги превземат сите неопходни мерки и чекори и се надеваме дека во иднина нема да се повторуваат вакви настани“, пишува во соопштението.


