Јасно е дека Никола Јокиќ е еден од најдобрите кошаркари на денешнината и пваа сезона просечно бележи по 29,7 поени, 13,7 скока и 11,7 асистенции.
На последните два меча не играше и Денвер загуби со што се потврди тезата дека без српскиот ас, Нагетс се сосема просечен тим. Со Јокиќ е врзан уште еден статистички показател кој делува неверојатно.
Кога Јокиќ не е на паркетот, Денвер постигнуваат по 86,3 поени на 100 поседи што е најмал број во историјата на НБА лигата. Целосна спротивност е тоа што се случува кога актуелниот МВП е во игра. Тогаш Денвер постигнува по 125,8 поени на 100 поседи што е најмногу во историјата на НБА.


