Легендарниот српски кошаркар Зоран Славниќ ги изнесе своите очекувања пред утрешниот натпревар меѓу Црвена Звезда и Партизан во Евролигата.
„Црвено-белите“ во дербито влегуваат како многу подобро пласирани од својот градски ривал, но и со осум победи по ред во меѓусебните дуели. Поради сето тоа, Славниќ смета дека Звезда е фаворит и утре, но се осврна и на скорот кој Обрадовиќ го има со Сферопулос.
„Не би сакал да навредувам, навивач сум на Црвена Звезда, но осум поради сигурно предизвикуваат комплекс и Обрадовиќ сигурно го има од Сферопулос. Звезда е во предност, игра на свој терен, се очекуваат 20 илјади навивачи во Арена. Единствен некој Марфиев закон или на веројатноста може да му помогне на Партизан да победи“, смета Славниќ.
Звезда во моментов е на десеттата позиција во Евролигата со биланс 5/5, додека Партизан е 16. со 2/8.


