Во чартерот со кој вчера во Скопје слета литванската експедиција, се наоѓаа и о0колу 50 навивачи кои денеска ќе ѝ дадат поддршка на својата репрезентација.
Планирано било Литванците да дојдат со 75 фанови, но во меѓувреме околу една третина од нив го откажале патувањето. Оние кои дојдоа се најжестоките навивачи кои речиси секаде ја следат литванската репрезентација, вклучувајќи ги и големите натпреварувања.
Денешниот натпревар се игра од 18 часот по локално време, а веднаш по неговото завршување, противникот со чартер заминува дома и од утре ќе ги почне подготовките за вториот меч со Македонија, закажан за недела.


