По три кола од квалификациите, репрезентацијата на Македонија има една победа, но развојот на настаните апсолутно не ѝ оди во прилог.
Естонија денеска славеше на гостувањето кај Полска со 82-78 и в недела можат официјално да завршат сите надежи за Македонија за пласман на Европското првенство идната година. Такво нешто ќе се случи ако нашата репрезентација загуби на гости кај Литванија, а Естонија, сега пред своите навивачи, повторно ја совлада Полска.
Во таков случај, на две кола пред крајот на квалификациите, Естонија ќе биде првопласирана со максимален ефект и недостижна за Македонија, а Литванија ќе има шест бода, но со подобар биланс во меѓусебните дуели со нас. Со оглед на тоа што Полска веќе има учество на Европското првенство како ко-домаќин, тоа ќе значи дека последните два меча од квалификациите ќе бидат само формалност за нас.
РЕЗУЛТАТИ – 4. КОЛО
Полска – Естонија 78-82
Македонија – Литванија 67-82
ТАБЕЛА: Естонија 6 бода, Литванија 5, Македонија 4, Полска 3.


