И вториот македонски репрезентативец во Евролигата, Ненад Димитријевиќ денеска се израдува на победа во елитното кошаркарско натпреварување.
Со својата Олимпија Милано, нашиот плејмејкер славеше триумф против Макаби со 98-86 и фати приклучок во борбата за пласман во плејинот бидејќи тоа е четврта победа на последните пет меча со што дојде до биланс 5/6. Натпреварот беше израмнет во првото полувреме во кое имаше неколку промени на водството, но во вториот дел контролата ја презеде Олимпија Милано и не ја испушти предноста до крај.
Интересно е тоа што италијанскиот првак повторно беше на прагот да направи „од готово-вересија“ бидејќи во третиот период поведе со 14 разлика, а потоа дозволи Макаби да се доближи на само четири поени. Сепак, во финишот домаќинот заигра посконцентрирано и не дозволи уште еден голем пресврт.
Димитријевиќ немаше голема минутажа, но максимално ја искористи. На теренот помина само 11 минути и постигна исто толку поени со само едно промашување за два (5/6) и едно од линијата за слободни фрлања (1/2).
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Париз 84-93
Монако – Асвел 103-92
Црвена Звезда – Партизан 77-89
Олимпијакос – Басконија 92-69
Олимпија Милано – Макаби 98-86
Реал – Алба 98-84


