Германскиот шампион Баерн продолжи со одличните резултати во Евролигата откако на домашен терен ја совлада Барселона со 100-78, во дуелот на клубовите кои се многу попознати и пославни по своите фудбалски екипи.
„Баварците“ доминираа во текот на целиот натпревар, па нивната победа во ниеден момент не беше доведена во прашање, особено поради тоа што Барса се соочува со големи проблеми со повредени играчи.
Andrea Obst broke the all time @euroleague record🤯
Here is the FULL VIDEO of the 11 3p shots🔥#basketballmaniacs #basketball #obst #bayern #paobc #olympiacosbc #euroleague pic.twitter.com/iBw9jUJZxh
— Basketballmaniacs_ (@bballmaniacs_) November 22, 2024
Ѕвезда на вечерта беше кошаркарот на Баерн, Андреас Обст кој погоди 11 тројки и постави нов рекорд на Евролигата. Досегашниот го држеа Ларкин и Гаудлок кои имаа по 10 тројки на еден меч, а Обст беше особено импресивен во третата четвртина во која шест пати беше прецизен од дистанца. Рекордната тројка ја погоди во последната минута од натпреварот, а поради тоа остана во игра до крајот и покрај високата предност на Баерн и фактот што победникот беше решен по три четвртини игра.
Со овој триумф Баерн е на делба на втората позиција на табелата во Евролигата со Олимпијакос и Париз со биланс 8/3, а на чело осамен е Фенербахче со 9/2. Во првиот меч од денешната програма, Жалгирис го совлада актуелниот европски шампион Панатинаикос со 84-77. Грчкиот тим беше без својот тренер Ергин Атаман кој ја водеше турската репрезентација и без Џеди Осман.


