Еден од најдобрите кошаркари на денешнината Никола Јокиќ во четвртокот вечер доби принова во семејството и веднаш се врати на терените по пауза од една недела.
Неговата сопруга роди син по што центарот на Денвер се најде во составот на својот тим за дуелот против Далас Маверикс. И покрај паузата, Јокиќ потврди дека е во одлична форма, остварувајќи трипл дабл, петти по ред и вкупно седми оваа сезона. За 39 минути во игра, тој постигна 33 поени, 17 скока и 10 асистенции, но не му помогна на Денвер да дојде до победа. Јокиќ стана само петти кошаркар во историјата на НБА со пет трипл дабл натпревари по ред, по Оскар Робертсон, Мајкл Џордан, Расел Вестбрук и Лука Дончиќ.
Далас, сепак, славеше со 123-120 и тоа без својот најдобар играч Лука Дончиќ кој е на пауза поради повреда. Во негово отсуство се истакна Наџи Маршал кој беше најефикасен со 26 поени, додека Пи Џеј Вашингтон додаде 22 поена и 13 скока.
И покрај поразот Денвер остана на шестото место на табелата во Западната конференција со биланс 8/6, додека Далас е осми со 9/7.
РЕЗУЛТАТИ:
Филаделфија – Бруклин 113-98
Вашингтон – Бостон 96-108
Њу Орлеанс – Г. Стејт 108-112
Чикаго – Атланта 136-122
Хјустон – Портланд 116-88
Милвоки – Индијана 129-117
Денвер – Далас 120-123
ЛА Клиперс – Њујорк 104-88


