Кошаркарската репрезентација на Србија е првата која преку квалификациите обезбеди пласман на Европското првенство што ќе се одржи идната година.
Актуелниот светски вицешампион ја победи Данска на домашен терен со 98-51 и сега има биланс 4/0 со што создаде недостижна предност во однос на ривалите, па до крајот на квалификациите не може да биде послабо пласирана од второто место. Со ова, Србите им се придружија на Кипар, Финска, Летонија и Полска кои како ко-домаќини имаат загарантиран пласман на континенталниот шампионат.
Најдобар играч на мечот беше Алекса Аврамовиќ со 18 поени и 8 скока, Симаниќ постигна 12 поени, а Гудуриќ 11. Со Никола Јокиќ, Богдан Богдановиќ и останатите ѕвезди, Србија веројатно биде топ фаворит за титулата на континенталниот шампионат идната година.


