Ненад Димитријевиќ е убедливо најефикасен играч вечерва, сметајќи ги сите квалификациски натпревари за Еуробаскетот.
На дуелот против Литванија, играчот на Олимпија Милано постигна 43 поени и со тоа не само што ја предводеше македонската репрезентација, туку го израмни рекордот на квалификациите. Откако ФИБА го воведе актуелниот систем на натпреварување за пласман на континенталниот шампионат, никој не постигнал повеќе поени, а Димитријевиќ се израмни со Давид Крамер од Германија кој пред два дена против Шведска заврши со идентичен ефект.
Претходниот рекорд го држеше Ифе Лундберг кој во ноември 2020 година против Чешка постигна 38 поени. Што се однесува до Димитријевиќ, во овие квалификации постигна точно 100 поени или по 33,3 по натпревар.


