Репрезентацијата на БиХ денеска ја оствари можеби клучната победа за пласман на Европското првенство откако ја совлада Хрватска на домашен терен со 110-90.
По мечот, Џанан Муса имаше емотивно обраќање во кое откри многу работи за своите соиграчи и за нивната желба да дојдат до овој триумф. Откри и со какви проблеми се соочувала босанската репрезентација и кошаркарите, кои сепак, собраа сили и се најдоа на чекор од пласман на континенталниот шампионат.
„Да ви откријам една вистина. Мајката на Адин Врабац во моментов е в болница, се бори за живот и јас се надевам дека ќе биде се во ред. Од овде сакам да ѝ посакам што побрзо да заздрави. И покрај тоа, Врабац дојде тука и изгина на теренот.
Колената на Кенан Камењаш се како топки, Гегиќ има проблем со петата, а и јас сум повреден. Не треба да ви кажувам повеќе за оваа репрезентација. Луѓето не отпишаа пред првиот меч, ги читав хрватските медиуми каде пишуваа дека во Сараево ќе не победат уште поубедливо. Да, беше поубедливо, ама за нас. Те сакам, Босно“, рече Муса.
БиХ може во петтото коло да стави печат на визата за Европското првенство бидејќи игра против аутсајдерот Кипар, а Хрватска се среќава со Франција.


