Во пресрет на новото коло, кое е на програмата в четврток и петок, Евролига номинира четворица кошаркари кои се во конкуренција за МВП на месецот во елитното натпреварување.
Меѓу нив е и македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој со својот тим Париз играше извонредно во ноември. Францускиот прволигаш се наоѓа во серија од седум победи во Евролигата и на делба на второто место, а најзаслужен за тоа е токму Шортс кој досега два пати беше прогласен за МВП на колото.
Who should be the November MVP? 🏆
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) November 26, 2024
Покрај него, во конкуренција се уште Најџел Хејс Дејвис од Фенербахче, Зек Ледеј од Олимпија Милано и Никола Милутинов од Олимпијакос.


