Македонските У18 репрезентативци Марко Лукановски и Коста Ќириловски со својот тим Игокеа обезбедија пласман на завршниот турнир од јуниорската АБА лига.
На квалификацискиот турнир што се одржи во Лакташи во текот на викендот, Игокеа оствари три победи, против Задар со 99-86, Спартак со 96-72 и Олимпија со 88-82 и го максимален ефект го освоија првото место. Македонските кошаркари имаа голем придонес имајќи предвид дека Ќириловски просечно на терен поминуваше по 15, а Лукановски по 14 минути. Младиот центар постигнуваше по 8 поени, 4 скока и 2,3 асистенции со индекс 9,3.

Освен Игокеа, пласман на завршниот турнир од јуниорската АБА лига обезбедија уште Мега, ФМП и Цибона.
Што се однесува до Ќириловски и Лукановски, двајцата беа дел од У18 репрезентацијата на Македонија која летоска го освои златниот медал на Европското првенство Б-дивизија што се одржа во Скопје. Лукановски, кој тогаш беше член на Вардар, доби место во идеалната петорка на шампионатот.


