Екипата на Атланта направи големо изненадување, совладувајќи го најдобриот тим во НБА со 135-124 и тоа на гостински терен.
Ѕвезда на вечерта беше Тре Јанг кој го собори личниот рекорд со тоа што оствари 22 асистенции, покрај 20. постигнати поени. Неговите асистенции се рекорд за 2024 година, а последен кој имал таков ефект е кошаркарот на Индијана, Тајрис Халибартон во декември минатата година.
Решавачко беше првото полувреме кое Атланта го доби со 74-60 откако по првите 24 минути Кливленд имаше минимално водство од 64-61. Се до почетокот на последната четвртина беше неизвесно, Кливленд последен пат водеше со 109-108, а потоа Атланта направи серија од 9-1 за предност од 117-110. На 80 секунди пред крајот Јанг постигна тројка од центар за 129-122 и тука беше крај на сите надежи на домашниот тим.
Атланта со ова стави крај на серијата од три порази, а на Кливленд не му помогна ни тоа што Донован Мичел постигна 30 поени. Кавс останаа на првото место во Источната конференција, но му дадоа шанса на Бостон да се доближи. Интересно е тоа што Атланта и Кливленд утре вечер повторно играат меѓу себе.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Мајами 94-98
Кливленд – Атланта 124-135
Индијана – Портланд 121-114
Орландо – Чикаго 133-119
Филаделфија – Хјустон 115-122
Вашингтон – ЛА Клиперс 96-121
Далас – Њујорк 129-114
Мемфис – Детроит 131-111
Минесота – Сакраменто 104-115
Њу Орлеанс – Торонто 93-119
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 101-119
Феникс – Бруклин 117-127
Јута – Денвер 103-122
Голден Стејт – Оклахома 101-105


