Екипата на Барселона го доживеа петтиот пораз по ред од Реал Мадрид откако на домашен терен загуби со 90-97 по две продолженија.
Несфатливо е како каталонскиот клуб успеа да го изгуби денешниот натпревар бидејќи имаше две меч-топки и требаше само мирно да го дочека последниот звук на сирената. На десет секунди пред крајот на основниот дел, Барселона водеше со 74-71 и требаше само да направи лична грешка за да не му дозволи на противникот со евентуална тројка да израмни и да се избори за продолжение.
Место тоа, домашните кошаркари го оставија Кампацо сам на тројка, а Аргентинецот рутинирано погоди за израмнување на 74-74. Се уште е нејасно дали такви беа насоките на тренерот или кошаркарите сами одлучија да го бранат последниот напад. Се уште е нејасно дали такви беа насоките на тренерот или кошаркарите сами одлучија да го бранат последниот напад.
FACUNDO CAMPAZZO FOR THE OVERTIME!🤯🤯🤯🤯
— Matteo Andreani (@matty_vanpersie) November 28, 2024
Another 5 minutes of an incredible EuroLeague Clásico between FC Barcelona and Real Madrid pic.twitter.com/nLHWFCUyj3
Втората шанса Барса ја пропушти во завршните секунди од првото продолжение. При резултат 83-84 на 36 секунди пред крајот, Пантер имаше две слободни фрлања, ама погоди само едно од нив, колку да го израмни резултатот. Двете екипи потоа не ги реализираа своите напади и мечот отиде во второ продолжение.
Кога веќе Барселона не ги искористи своите можности, Реал одлучи да ги земе работите во свои раце и да стави точка на драмата. По 90-89 за Барса на две минути пред крајот, шпанскиот шампион направи серија од 8-0 и со неа го заклучи мечот за прв триумф на гостински терен оваа сезона.
Неверојатни бројки оствари Валтер Таварес кој го заврши натпреварот со 24 поени и 18 скока за индекс 39, а одличен беше и Факундо Кампацо со 18 поени, 10 асистенции и 5 скока. Пантер беше најефикасен со 27 поени, но сето тоа поништи со промашеното слободно фрлање во финишот од првото продолжение.
РЕЗУЛТАТИ
Жалгирис – Басконија 70-83
Алба – Макаби 85-103
Париз – Виртус 81-78
Партизан – Олимпијакос 78-70
Барселона – Реал 90-97


