Во текот на неделата, Барселона се засили со бразилскиот репрезентативец Раул Нето кој осум години од својата кариера помина во НБА лигата, а требаше да го покрие отсуството на Николас Лапровитола за кого оваа сезона е завршена.
Нето дебитираше синоќа против Реал, но на теренот помина помалку од четири минути. Според играта, покажа дека може да биде големо засилување за Барса затоа што за тоа кратко време постигна пет поени, но потоа остана на клупа поради повреда.
Информациите од Шпанија се дека тој има мускулна повреда и во текот на денешниот ден ќе му бидат извршени прегледи по што точно ќе се знае за што се работи. Најверојатно Нето пристигнал недоволно физички подготвен, со оглед на тоа што пред Барселона играше во бразилскиот тим Пињеирос и напорните тренизни оваа недела оставиле трага врз неговата состојба.


