Вечерва е комплетирано 12. коло од Евролигата, а изгледот на табелата е изненадувачки за сите кои го следат елитното натпреварување.
На челната позиција се наоѓа дебитантот Париз кој е убедливо најголема сензација во историјата на Евролигата. Францускиот вицешампион има биланс 9/3, како и Фенербахче, но го држи првото место поради подобрата кош-разлика во однос на клубот од Истанбул. Париз ја има и убедливо најдолгата победничка серија која во моментов изнесува осум натпревари, а последниот пораз го доживеа од Баерн во Минхен на 17 октомври. убедливо најзаслужен за одличните резултати е македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој е кандидат за играч на месецот, па и на сезоната.

Добрата форма од Евролигата, Париз ја пренесе и во домашното првенство, па во моментов е во низа од десет победи, сметајќи ги сите натпреварувања.


