Поранешниот финалист во Купот на Македонија, Феникс продолжи со својата филозофија на промоција на млади играчи.
Нов член на клубот од Гази Баба е поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Димитар Иванов кој ќе го носи дресот на Феникс до крајот на оваа сезона. Кошаркарот кој игра на бековските позиции има 21 година, а доаѓа како слободен играч откако на крајот од минатата сезона ја прекина соработката со МЗТ Скопје. Претходната натпреварувачка кампања ја помина како позајмен во Академија ФМП, летоска беше пред договор со Шкупи, но преговорите пропаднаа во последен момент.
Во 2020 година, како член на МЗТ Скопје, Иванов играше и во АБА 2 лигата и како 17-годишен стана еден од најмладите во историјата на клубот кој заиграл и постигнал поени во регионалното натпреварување.


