И во петтиот натпревар пред своите навивачи оваа сезона, екипата на Чаир оствари победа, совладувајќи го Тиквеш со 79-70.
Чаирчани беа апсолутно доминантни на овој меч и нивната победа можеше да биде поизразена уште поубедливо ако не беше опуштањето во финишот. Уште пред крајот на првото полувреме предноста на Чаир изнесуваше 25 разлика (45-20) и се очекуваше дебакл на некогашниот шампион на Македонија.
И на седум минути пред крајот на натпреварот домаќините имаа 20+ во своја корист, па дури потоа Тиквеш успеа да ја намали негативата и да се избори за поднослив пораз.
Ролинс со 20 поени го предводеше Чаир, Кирк додаде 19, а Кели оствари дабл дабл со 18 поени и 11 скока. Квери постигна 24 поени и 14 скока за Тиквеш, а Пантелиќ заврши со 23 поени. Чаир и по ова коло останува лидер на табелата, со идентичен биланс како ТФТ, додека Тиквеш е на делба од 9. до 11. позиција со 2/6.


