Суперѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ се израмни со Меџик Џонсон по бројот на трипл дабл натпревари откако ноќеска на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс постигна 28 поени, 14 скока и 11 асистенции.
Тоа беше негов 138. трипл дабл во кариерата, па сега пред него се само Оскар Робертсон со 181 и Расел Вестбрук со 200. Сепак, ниту таквата игра на српскиот репрезентативец не му помогна на Денвер да влезе во ритам и да врзе две победи по ред. Клиперс славеа со 126-122 и сега имаат три победи повеќе од Денвер, но се четири меча плус од тимот од Колорадо.
Nikola Jokic just recorded the 138th triple-double of his career, which ties him with Magic Johnson for the 3rd most in NBA history. pic.twitter.com/GgH7DaUmEt
— Harrison Wind (@HarrisonWind) December 2, 2024
Мечот го одбележаа големите осцилации во играта и резултатот. Клиперс имаа +11 во првата четвртина (32-21), а Денвер водеше со 10 разлика во третиот период (83-73). Домашниот тим успеа да го преброди тоа и да се врати во водство, во последниот период се водеше голема борба, Нагетс се доближија на еден поен негатива, но на крајот славеше екипата од Лос Анџелес.
И покрај тоа што Јокиќ оствари трипл дабл, прво име на натпреварот беше Џејмс Харден кој постигна 39 поени, 11 асистенции и 9 скока. Се истакна и Пауел со 28 поени додека кај Денвер немаше уште еден играч што ќе му помогне на Јокиќ во клучните моменти.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Бостон 115-111
Њујорк – Њу Орлеанс 118-85
Торонто – Мајами 119-116
Хјустон – Оклахома 119-116
Јута – ЛА Лејкерс 104-105
Портланд – Далас 131-137
Сакраменто – Сан Антонио 125-127
ЛА Клиперс – Денвер 126-122


