Оваа недела на програмата е двојно коло во Евролигата, а очигледно учесниците во елитното натпреварување повеќе мислат на претстојните настапи, отколку на домашните првенства.
Така се случи вчера, во еден ден да загубат дури осум учесници во Евролигата. Порази доживеаја сите три шпански претставници: Басконија од Валенсија со 91-116, Барселона од Манреса со 72-85 и Реал од Хувентут со 76-80, потоа двата италијански: Олимпија Милано од Тортона со 94-98 и Виртус од Бреша со 97-98, двата германски: Алба од Лудвигсбург со 60-74 и Баерн од Вехта со 77-78 и францускиот Асвел од Стразбур со 75-77.
Малку недостасуваше на оваа листа да биде и Црвена Звезда која со големи маки го совлада Спартак во Суботица. Грчките екипи Панатинаикос и Олимпијакос славеа победи, исто како и турските Фенербахче и Анадолу Ефес, како и Жалгирис и Монако, а Макаби, Партизан и Париз играа во саботата и триумфираа во своите натпревари.


