Олимпија Милано продолжи со одличните резултати во Евролигата и вечерва ја оствари четвртата победа по ред и шеста во последните седум натпревари.
Италијанскиот првак пред своите навивачи ја совлада Црвена Звезда со 101-86, а дури можеше да биде и поубедливо бидејќи во финишот Олимпија Милано имаше и +20, а во со истекот на времето Јаго дос Сантос погоди тројка за ублажување на дебаклот. Звезда апсолутно не беше дораснат противник, само еднаш се најде во водство и тоа со 3-2, а веќе во првата четвртина Олимпија направи двоцифрена предност (16-5) која подоцна успеа да ја сочува до крајот.
Најмногу што успеа да се доближи Звезда беше -4 во втората четвртина (36-40), но во второто полувреме водството на домашниот тим ниеднаш не се спушти на едноцифрена вредност. Клучен беше шутот од дистанца бидејќи кошаркарите на Олимпија Милано погодија 15 тројки со 61,5% успешност.
Најуспешен во шутот беше Фабиен Козер кој шутираше 6/6 за тројка и постигна 20 поени а прв стрелец на мечот беше Никола Миротиќ со 23 поени. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на теренот помина 14 минути и за тој период постигна четири поени, три асистенции и два скока. Кај Звезда се истакна Дос Сантос со 17 поени.
Со оваа победа Олимоија Милано ја помина Звезда на табелата и сега се наоѓа на деветтото место, додека белградскиот тим падна на 11. позиција со биланс 6/7.
РЕЗУЛТАТИ
Монако – Олимпија 80-89
Олимпија Милано – Црвена Звезда 101-86
Виртус – Алба 88-90


