Реал Мадрид го претрпе треиот пораз по ред откако вечерва пред своите навивачи загуби од Фенербахче со 70-82.
Еден од овие порази доживеа во домашното првенство, од Хувентут, а потоа следуваа неуспесите против Асвел и Фенербахче во Евролигата. Мадридскиот тим добро го почна натпреварот, водеше со 20-10, но Фенербахче одговори со серија од 13-0 и потоа потоа со уште од 9-0 за водство од 32-24. Оттогаш до крајот, гостите беа во константна предност, а највисоката разлика изнесуваше 16 поени.
Фенербахче со ова ја прекина мини-серијата од два пораза и дојде до десеттата победа сезонава, додека Реал падна на 13. место со биланс 6/8.
РЕЗУЛТАТИ
Жалгирис – Анадолу Ефес 85-72
Макаби – Барселона 86-88
Баерн – Басконија 94-80
Партизан – Панатинаикос 91-73
Реал – Фенербахче 70-82


